Ул. Димитрие Чуповски 15
+389 (0) 2 3117 255

ОПИС НА КОНЦЕПТОТ НА СПИСАНИЕТО ЗА ДЕЦА ДРУГАРЧЕ

ЛИТЕРАТУРНО СПИСАНИЕ ЗА УЧЕНИЦИ ВО ВТОРО И ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

Списанието за деца, ДРУГАРЧЕ, е наменето за ученици во второ и трето одделение и се работи според програмските барања на наставната програма за второ и трето одделение од деветгодишното основно образование. Списанието се создава според утврден и дефиниран концепт, базиран врз долгогодишното искуство на Редакцијата "Детска радост# во создавањето на списанија за деца, а се заснова на неколку проверени принципи и критериуми: - детално проучување и познавање на наставната програма за второ и трето одделение; - стилот на јазикот и користење на стандардниот македонски јазик; - воспитно-образовна и едукативна функција; - интерактивен пристап по принципот на учење низ игра; - ликовно-графичко обликување и илустрации; - корицата на списанието и - графичка опременост. Врз основа на горенаведените принципи, се прави избор на поезија и проза од литературата за деца, се осмислуваат содржини, рубрки и интерактивни материјали согласно актуелните програмски барања во второ и трето одделение од деветгодишното основно образование.

1. Детално проучување и познавање на наставната програма Прв и основен принцип е детално познавање и континуирано следење на актуелната наставна програма за второ и трето одделение, вклучувајќи ги и адаптираните наставни програми според КЕМБРИЏ. При изборот на литературните секогаш се има предвид возраста на учениците за кои е наменето списанието и нивните психофизички можности. Во секој број се внимава содржините да бидат интересни и корисни.

2.Стил на јазикот и користење на стандардниот македонски јазик Имајќи предвид дека станува збор за литературно списание за деца, односно за ученици кои што се во фаза на описменување или неодамна описменети, концептот на ова списанието се прави врз принципот на развивање на развување на вештината на читање, а со самото тоа и всадување љубов кон македонскиот јазик и литературата воопшто. Особено внимание се обрнува на изборот на литературните текстови и големината на буквите, проредот на текстот, како и поделбата на текстот во логични целини за полесно совладување на содржината и пораката што ја носи дадениот текст. Содржините се избираат внимателно, при што тие треба да се податливи за илустрирање, лесно да се читаат, да бидат разбирливи, едноставни за памтење и прераскажување. Дел од текстовите имаат интерактивен карактер, така што од читателот треба да допише збор, да дополни реченица, или самиот да напише краток текст, стих, порака и слично. Понудените текстови се во согласност со темите кои се обработуваат во рамките на наставната програма. Особено внимание се посветува на буквите од македонската азбука, кои традиционално се претставуваат со соодветни стихови, гатанки или кратки текстови.

3. Воспитно-образовна и едукативна функција При изборот на литературните текстови и другите содржини, концептот на списанието се заснова врз принципот на воспитно-образовната компонента. Авторите за деца пишуваат на теми според актуелните наставни програми, со цел преку убаво напишаниот збор, низ приказна, песна или гатанка, на лесен и ненаметлив начин да му се овозможи на ученикот да усвои нови знаења, но и да извлече поуки за добро однесување и позитивена социјална интеракција. Така учениците, со помош на своите наставници, ги дополнуваат своите знаења, го збогатуваат својот речник и усвојуваат нови вештини во секојдневната комуникација, а во исто време ја градат и својата социјална интелигенција во правец на креирање навики за доследност во исполнувањето на задачите и обврските.

4. Интерактивен пристап по принципот на учење низ игра Со цел да се развива љубовта кон пишаниот збор од најрана возраст и да се создава навика за читање, во секој нов број се претставени содржини од познати и популарни писатели за деца како од Македонија, така и од светот. Низ страниците на списанието, секое дете има можност да објави своја литератирна или ликовна творба, а секое одделение и училиште да ги промовира своите дополнителни проектни активности, групни или поеднечни успеси. Интерактивните содржини, кои се присутни речиси на секоја страница од списанието, имаат за цел да ги развијат љубопитноста, логиката, моториката, когнитивните вештини, но и желбата за истражување, осознавање и откривање на нови знаења и вештини. Сите тие се засноваат врз принципот на усвојување знаење низ игра, а во исто време е и едукативен начин, особено кога станува збор за предметите Природни науки и Математика. Секоја содржина е дополнета со соодветни интерактивни и стручни содржини преку кои и самиот наставник може да добие идеи за реализација на наставната програма.

5. Ликовно-графичко обликување и илустрации При ликовно-графичко обликување на списанието "Другарче# се почитува принципот на испраќање воспитно- образовна порака преку илустрацијата, односно визуелните прилози, а во исто време се следат најновите трендови и концепти на ликовно-графичко обликување и осмислување на списание за деца за соодветната возраст, Ова е богато илустрирано списание, во кое соработуваат тим од илустратори за деца кои го следат сензибилитетот на современото дете. Текстовите, стихотворбите, гатанките и приказните се соодветно илустрирани, секогаш имајќи ја предвид возраста на учениците, а притоа следејќи го принципот илустрацијата да биде богата со сите непоходни елементи кои ќе го привлечат вниманието на читателот. Со илустрациите одредени дејства и содржини се претставуваат во последувателен, логичен редослед, но и овозоможуваат интеракција во правец на пишување или допишување, решавање на логички и математички проблеми и релации, препознавање, цртање и доцртување, боење, броење, поврзување, воочување, раскажување и прераскажување, или логично подредување на даденото дејство или содржина според понудените илустрации.

6. Корицата на списанието При осмислувањето на корицата на списанието секогаш се водиме од принципот илустрацијата на корицата да биде најава за содржините во самото списание, да одговара на соодветните временски услови како и на актуелната наставна програма. Корицата е илустрирана и се внимава да бидат задоволени сите естетски и ликовно-графички стандард и критериуми.

7. Графичка опременост Списанието "Другарче# се печати на 90-грамска кунздрук хартија, што овозможува висок квалитет на печат, но и можност за непречно реализирање на насоките и барањата за работа, како што се пишувањето, цртање, боење, поврзување и слични активности.

Освен стручниот тим во нашата Редакција, на списанието работи и стручна редакција која се состои од писатели за деца, илустратори за деца, педагози, ликовни и музички педагози, психолози, наставници и други соработници кои даваат мислења и насоки за бодобрување на квалиетот на списанието.