Ул. Димитрие Чуповски 15
+389 (0) 2 3117 255

ОПИС НА КОНЦЕПТОТ НА СПИСАНИЕТО РАЗВИГОР

Списанието РАЗВИГОР е наменето за учениците од ИВ и В одделение и излегува на секои две недели во текот на учебната година. РАЗВИГОР е литературно списание, а концепцијата се темели на неколку принципи.

1. Детално проучување на наставната програма Списанието се подготвува врз база на барањата на наставната програма во основното деветгодишно образование и на нејзино детално проучување. Текстовите што се застапени во списанието ја следат програмата, а содржината на списанието одговара на сите актуелности што ги предвидува самата наставна програма.

2. Стилот на јазикот и користењето на стандардниот македонски јазик Стилот и јазикот на кој се напишани текстовите целосно одговараат на психо-физичката способност на учениците и на нивната возраст. Стилот е јасен, лесно разбирлив и со фонд на зборови што се соодветни на возраста и се темелат на стандарниот македонски јазик. При подготовката на текстовите, авторите-соработници строго ја почитуваат возраста за која се наменети. Се обрнува посебно внимание при изборот на проза и поезија од еминентни македонски автори за деца, но и од најпознатите автори за деца во светот. Сето тоа овозможува учениците да ја надополнуваат наставната програма по македонски јазик.

3. Воспитно-образовна и едукативна функција Списанието е конципирано и врз принципот на образование и воспитание на учениците. Односно, задолжително се присутни и текстови во кои целосно се застапени овие два елемента. Тука треба да се напоменат и едукативните теми кои се одбрани според наставната програма, а се обработени на интересен, современ начин. Овој спој на ненаметливо одбрана едукативна содржина и визуелниот момент на илустративниот дел им овозможува на учениците да ги надополнуваат своите знаења и да се здобијат со нови корисни информации.

4. Актуелни теми Во списанието се застапени и содржини од областа на спортот, музиката и филмот. Тие се внимателно избрани и строго ја следат возраста на децата. Во списанието се објавуваат и интересни содржини и теми што произлегуваат од секојдневниот интерес на децата на оваа возраст. На одредени страници се посочени и линкови со кои учениците и наставниците имаат можност и по електронски пат да се информираат повеќе за одредената тема. Дел од концепцијата се и страниците што се наменети за соработка, каде учениците ги објавуваат своите ликовни и литературни творби, а наставниците своите проекти, активности и постигнати успеси.

5. Ликовно-графичко обликување и илустрации При ликовно-графичкото обликување на списанието се водиме од принципот илустративниот дел да одговара за соодветната возраст. Самите илустрации носат порака (воспитно-образовна), тие секогаш се естетски добри и ја прикажуваат содржината на самиот текст.

6. Корицата на списанието Корицата на списанието секогаш е илустрирана, а самата илустрација одразува дел од содржината. Дизајнот на корица ги следи и најновите трендови во светот наменети за оваа воздраст на деца.

7. Графичка опременост Списанието се печати на 90 грамски кунздрук што овозможува висококвалитетен печат.

При подготовката на секој број на списанието, освен нашето редакциско долгогодишно искуство, ги користиме и мислењата и стручните совети и сознанија на педагози, психолози, наставници, родители и на самите ученици. Списанието РАЗВИГОР има за цел и да ја развива навиката и културата за читање на учениците, а внимателно одбраната соджина им овозможува да ги надополнуваат своите знаења непосредно низ логични размислувања, занимливости и низ игри.