Ул. Димитрие Чуповски 15
+389 (0) 2 3117 255

ОПИС НА КОНЦЕПТОТ НА СПИСАНИЕТО ЗА ДЕЦА РОСИЦА

ЛИТЕРАТУРНО СПИСАНИЕ ЗА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

Списанието РОСИЦА е наменето за учениците во прво одделение и се работи според програмските барања на наставната програма за прво одделение од деветгодишното основно образование. Списанието се создава според утврден и дефиниран концепт, базиран врз долгогодишното искуство на Редакцијата "Детска радост# во создавањето на списанија за деца, а се заснова на неколку проверени принципи и критериуми: - детално проучување и познавање на наставната програма за второ и трето одделение; - стилот на јазикот и користење на стандардниот македонски јазик; - воспитно-образовна и едукативна функција; - интерактивен пристап по принципот на учење низ игра; - ликовно-графичко обликување и илустрации; - корицата на списанието и - графичка опременост. Врз основа на горенаведените принципи, се прави избор на поезија и проза од литературата за деца, се осмислуваат содржини, рубрики и интерактивни материјали согласно актуелните програмски барања во прво одделение од деветгодишното основно образование.

1. Детално проучување и познавање на наставната програма Прв и основен принцип во создавањето на списанието е детално познавање и континуирано следењето на актуелната наставна програма за прво одделение, вклучувајќи ги и адаптираните наставни програми според КЕМБРИЏ. При изборот на литературните текстови и другите содржини секогаш се има предвид возраста на учениците за кои е наменето списанието и нивните психо-физички можности.

2. Стил на јазикот и користење на стандардниот македонски јазик Имајќи предвид дека станува збор за литературно списание за деца, концептот на списанието РОСИЦА акцентот го става врз принципот на развивање на љубов кон македонскиот јазик и литературата воопшто. Бидејќи станува збор за неописменети ученици, особено внимание се посветува на изборот на литературните текстови, како и да бидат податливи за илустрирање, лесно разбрливи при читање, но и едноставни за паметење и прераскажување. Понудените литературни текстови се во согласност со темите кои се обработуваат во рамките на наставната програма.

3. Воспитно-образовна и едукативна функција Концептот на списанието "Росица# се заснова врз принципот на воспитно-образовната компонента, која е лесно препознатлива во секоја понудена содржина. Авторите за деца пишуваат на теми според актуелните наставни програми, со цел преку убаво напишаниот збор, низ приказна, песна или гатанка, на лесен и ненаметлив начин да му овозможат на ученикот да усвои нови знаења. На тој начин учениците, со помош на своите наставници, ги дополнуваат своите знаења, го збогатуваат својот речник и усвојуваат нови вештини во секојдневната комуникација.

4. Интерактивен пристап по принципот на учење низ игра Интерактивните содржини, кои се присутни речиси на секоја страница од списанието, имаат за цел да ги развијат љубопитноста, логиката, моториката, когнитивните вештини, но и желбата за истражување, осознавање и откривање на нови знаења и вештини. Сите тие се засниваат врз принципот на усвојување на знаењето низ игра, на забавен, интересен, а во исто време едукативен начин, особено кога станува збор за предметите Природни науки и Математика. Секоја содржина е дополнета со соодветни интерактивни и стручни содржини преку кои и самиот наставник може да дојде до многу нови идеи за реализација на наставната програма. На одредени страници понудени се линкови преку кои наставниците и учениците можат да добијат доплнителни идеи за реализација на програмските барања и цели.

5. Ликовно-графичко обликување и илустрации За ликовно-графичко обликување на списанието "Росица# с е следат најновите трендови и концепти на ликовно-графичко обликување на списание за деца, следејќи го принципот на испраќање воспитно-образовна порака преку илустрацијата, односно визуелните прилози. "Росица# е богато илустрирано списание, во кое соработуваат тим илустратори за деца кои го следат сензибилтетот на современото дете.. Текстовите, стихотворбите, гатанките, приказните и другите едукативни содржини се соодветно илустрирани, секогаш имајќи ја предвид возраста на учениците наставната програма. Одредени дејства и содржини преку илустрациите се претставуваат последователно и по логичен редослед , но и се овозоможува интеракција во правец на препознавање, цртање и доцртување, боење, броење,поврзување, воочување, раскажување и прераскажување, или логично подредување на даденото дејство или содржина.

6. Корицата на списанието Корицата на списанието е илустрирана, се печати на 250- грамска кунздрук хартија, што овозможува висок квалитет на печатот. При тоа секогаш се водиме од принципот илустрацијата на корицата да биде најава за содржините во самото списание, да одговара на соодветните временски услови и на актуелната наставна програма. При тоа, дизајнот ги следи најновите светски трендови за ова возраст на деца.

7. Графичка опременост Внатрешниот дел на списанието "Росица# се печати на 120-грамска бездрвна хартија, што овозможува висок квалитет на печат, но и можност за непречно реализирање на насоките и барањата за работа, како што се цртање, боење, поврзување и слични активност. Работен прилог

РОСИЦА ПЛУС Составен дел на списанието РОСИЦА е и работниот прилог РОСИЦА ПЛУС.

Благодарение на разновидните задачи, барања и насоки за работа што се понудени на дополнителни 14 страници, учениците имаат можност низ игра да се здобијат со нови знаења и вештини, согласно барањата на наставната програма. Во создавањето, односно креирањето на содржините во прилогот РОСИЦА ПЛУС, секогаш се внимава да се задоволат принципите на воспитно-образовната функција и интерактивен пристап по принципот на учење низ игра, при што се посветува внимание во осмислувањето на активности за вежбање на лесната моторика, поставени во таканаречена "мрежа# на дното од секоја страница. Освен стручниот тим во нашата Редакција, на списанието работи и стручна редакција, која се состои од писатели за деца, илустратори за деца, педагози, ликовни и музички педагози, психолози, наставници и други соработници кои го даваат својот стручен придонес за квалиетот на списанието.