За компанијата

 

KIBStrust. KIBStrust.

Клириншка куќа КИБС АД Скопје (КИБС) e оператор на платен систем за порамнување на мали меѓубанкарски плаќања во Република Македонија и првиот регистриран Издавач на сертификати (ИС) во Република Македонија.

Активноста на давател на услуги на дигитална доверба КИБС ја започнува во 2002 година, а денес ја извршува преку брендот KIBStrust. Услугите од областа на дигитална доверба ги користат физички и правни лица, јавната администрација, а имплементирани се во финансискиот сектор и услугите понудени од е-Влада.

Нашиот искусен тим на специјалисти за делот на PKI и силната автентикација, соработува со повеќе значајни европски и светски компании, наши партнери. На овој начин, најдобрата светска пракса се применува како за надградување на постојните продукти и услуги, така и за поставување нови.

Издавачот на сертификати КИБС припаѓа на меѓународната мрежа на доверливи соработници (хиерархија) на светскиот издавач на сертификати, Symantec. Активностите поврзани со инфраструктурата на јавни клучеви (PKI), КИБС ја води согласно закон и подзаконски акти донесени во Република Македонија. КИБС го прилагодува своето работење на барањата на Европската регулатива, но ги следи и препораките на CA/B форумот.

КИБС е сертифициран согласно стандардите ISO 9001, 20000-1, 22301, 27001 со што се потврдува квалитетот на давателот на доверливи услуги.

Единствен во Македонија

издавач на дигитални сертификати чиј сертификат за електронски потпис и сертификат за електронски печат се прифатени во сите оперативни системи и интернет пребарувачи.

Единствен во Македонија

издавач на временски печати чиј сертификат е коренски потпишан од издавач на сертификати кој е дел од  Adobe Approved Trust List (AATL) програмата. Издавачите на сертификати (CA) и давателите на услуги од доверба (TSP) претставени на AATL листата издаваат дигитални сертификати и даваат услуги за временски печат засновани на најстрогите правни и регулаторни барања во светот за потпишување на документи, како што се eIDAS регулативата на ЕУ.

Довербата како двигател на дигиталната трансформација

Довербата е фундаментот врз кој се градат релациите и односите во деловниот свет. Да го поставиме овој фундамент заедно при дигиталната трансформација на активностите.

Факти

  •  

    Подготовки за воспоставување издавач на сертификати

    КИБС ги истражува можносите за воспоставување дејност на издавач на сертификати (Certificate Authority - CA) и кон крајот на годината воспоставува партнерство со издавачот на сертификати GlobalSign (Be).

  •  

    Почеток со работа

    КИБС е подготвен да функционира како издавач на сертификати и тоа го објавува на 01 декември 2003 година.

  •  

    Регистрација како издавач на сертификати

    Со решение на Министерот за финансии од 26 јуни 2006 година КИБС е првиот регистриран Издавач на сертификати во Република Македонија.

  •  

    Партнерство со VeriSign

    Воспоставени партнерски релации со VeriSign како светски признат CA преку неговата филијала ADACOM (Gr), но и со други компании од значење за дигиталната безбедност, како Gemalto (Fr) и  OpenTrust (Fr).

  •  

    Нова платформа за издавање персонални сертификати

    Со заедничките активности на ADACOM (Gr) филијала на VerySign (САД) и OpenTrust (Fr), на 5 мај 2010 година КИБС започна со работа на нова PKI платформа со целосно изменет начин на работа на Издавачот на сертификати. Новата платформа обезбедува безбеден систем за издавање на персонални дигитални сертификати на места во и надвор од просториите на КИБС.

  •  

    Почеток на работа на прва локална регистрациона канцеларија

    Шпаркасе банка Македонија постанува прва локална регистрациона канцеларија на Издавачот на сертификати КИБС.

  •  

    Издавач на временски печати

    Од мај 2012 година КИБС е признат Издавач на временски печати (Trusted Timestamping Authority - TSA). Сертификатот на Издавачот на временски печати е коренски потпишан од универзално признат CA, Keynectis (Fr). Со ова временскиот печат на КИБС е исто така интернационално прифатен.

  •  

    Електронска препорачана испорака на фајлови

    Во соработка со OpenTrust (Fr), КИБС имплементира и започнува да дава услуга на електронска препорачана испорака на фајлови. Моделот на давање услуга е SaaS.

Нашиот тим

Марин Пиперкоски

Директор на дирекција

Катерина Јовановиќ

Шеф на одделение

Марина Петковска

Стручен соработник

Кристина Радомировиќ

Стручен соработник

Крсте Митевски

Стручен соработник

Елеонора Ѓурчиновска

Оперативна поддршка

Магдалена Ѓорѓевиќ

Оперативна поддршка