Вклучени услуги

Потпис

Прикачете и дигитално потпишетe PDF документи

Временски печат

Прикачете или верификувајте временски печат на документот

Испраќање

Испратете ги безбедно вашите потпишани документи

Архивирај документ

Зачувајте ги потпишаните документи online

Пренесете ја вашата деловна активност во дигитална форма, користејќи - SignPlus

Дигитално потпишување на документи со дигитален сертификат за кој не ви се потребни дополнителни инсталации. 

Ставање временски печат со кој се обезбедува долготрајна валидност на дигитално потпишаниот документ. 

Верификација на потпишаните датотеки (документи) и валидноста на временскиот печат.

Обезбедени податочни складови за чување на вашите дигитално потпишани документи кои ќе ви бидат достапни секогаш и на секаде.

Електронска испорака на датотеки којашто гарантира регистрирана достава.

Можност за креирање лична или корисничка сметка за компанијата во рамките на која постои можност за креирање под сметки за вработените во компанијата.

Обиди се

Клучни предности

БЕЗБЕДЕН

SignPlus ги исполнува ригоризните индустриски стандарди за автентикација на корисниците. Нивото на автентикација може да биде зголемено, со тоа што секој корисник може да одбере дво факторска автентикација за својата најава, преку користење на безбедносни кодови (доставени до корисникот преку екстерен систем - e-mail или SMS). Системите и процесите на SignPlus ги користи најмоќните комерцијално достапни технологии за шифрирање на податоци и обезбедуваат заштита и безбедност при пренос и чување на податоците.

ИНТУИТИВЕН

SignPlus е имплементиран како множество од веб модули кои, преку кориснички веб интефејс, им овозможуваат на корисниците креирање на свој тек на потпишување и проследување на документите од повеќе потписници. Потпишувањето е со примена на различни видови на сертификати за електронски потпис.Вашиот тим може да потроши повеќе време за активности кои ќе дадат нов квалитет, заштеда на трошоци и подобрување на услугите.

ГЛОБАЛЕН

Корисници од целиот свет можат да ги користат предностите на дигитално потпишување преку било кој интернет прелистувач и од било кој уред, паметен мобилен телефон, таблет или персонален компјутер.

ОТВОРЕН И СКАЛАБИЛЕН

Бидејќи секој бизнис е различен, SignPlus е флексибилен. На располагање Ви се RESTful API којшто содржат методи за лесна интеграција на SignPlus во различните решенија и процеси.