Проверка само на доменот (Domain Validation - DV)

Безбедна врска за веб-страни кои не се јавно објавени.
    • Ниво на проверка: најниско
    • Како се врши проверката: издавачот на сертификати едноствно прави проверка дали организацијата има контрола врз доменот
    • Начин на проверка: вообичаено се прави преку email-адреса од наведениот домен. Со демонстрирање на контрола врз доменот, издавачот на сертификати ќе го издаде сертификатот
    • Време потребно за проверка: од неколку часа до 24 часа
    • Трошок за проверка: мал, затоа што станува збор за автоматизиран процес без вклученост на човечки ангажман
    • Означување: име на домен со безбедна HTTPS врска

Повеќе информации

Проверка на организацијата (Organization Validation - OV)

За јавно објавени веб-страни без комерцијална функција.
    • Ниво на проверка: Средно ниво
    • Како се врши проверката: издавачот на сертификати ја испитува организацијата што бара SSL-сертификат но не е многу детално. Организацијата ќе биде контактирана за да се осигура нејзиното постоење.
    • Начин на проверка: издавачот на сертификати ја потврдува сопственоста на доменот, заедно со информациите за организацијата вклучени во сертификатот како име, град и држава.
    • Време потребно за проверка: до 5 дена.
    • Трошок за проверка: повисок во однос на SSL DV-сертификатите поради човечки ангажман при проверката.
    • Означување: прикажување на името на доменот и на компанијата.

Повеќе информации

Проширена проверка на организацијата (Extended Validation - EV)

За е-продавници, банки и други комерцијални веб страни.
  • Ниво на проверка: највисоко ниво
  • Како се врши проверката: издавачот на сертификати ја потврдува сопственоста, информациите за организацијата, физичката локација и правното постоење на компанијата. Исто така потврдува дали организацијата е свесна за постоење на барање за SSL-сертификат.
  • Начин на проверка: потребни се документи и/или проверки во повеќе регистри за да се потврди идентитетот на организацијата.
  • Време потребно за проверка: до 10 дена
  • Трошок за проверка: голем, поради интензивен човечки ангажман.
  • Означување: зелена адресна лента со името на компанијата.

Повеќе информации

Повеќе информации за производите

Ценовник на SSL сертификати

преземи

Често поставувани прашања

Прегледај